Во дадените услови и големата љубов кон Светиклиментовата Православна Црква, македонскиот народ бил и ќе биде доследен верник на своето верско и Христово убедување. Преку Свети апостол Павле, Тимотеј, Сила и Лук, се до времето на Свети Кирил и Методиј и нивните свети ученици, односно, нашите арихиереји и Охридската Архиепископија без разлика на географските простори, проникнуваме и ние - чеда на Христовото следбеништво. Во овие тмурни скандинавски поднебја, се очувавме како православни верници и лојални граѓани во слеот со браќата христијани од целиот свет.
Со Божја помисла на светлина излегоа нашите Свети Кирил и Методиј и нивните следбеници. Ние по вера достојни во времето на превирања се потрудивме да го продолжиме и негуваме нашето црковно битие пред се како Христови оддани чеда. |